Нова Алтернатива го отвори својот изборен штаб во Струмица. Нова Алтернатива засилено ги спроведува подготовките за настапот на парламентарните избори во периодот кој претстои.
Во нивното соопштение се вели:
Нова Алтернатива е нова надеж на македонската политичка сцена која треба да ги донесе промените кои ни се нужно потребни. Воедно ја користиме оваа прилика да ги повикаме сите чесни и искрени граѓани да се приклучат на нашата борба за правда, промени, просперитет и подобар живот за сите.
Крајно време е да ставиме крај на погубните политики на криминалните политички елити кои со децении ја девастираат нашата Македонија и го осиромашуваат сопствениот народ.
Заедно со граѓаните да ставиме крај на тридецениското самоволие на корумпираните и криминални политички елити на 8-ми мај.
























