Досега се убиени 30.534 Палестинци во израелските напади на Појасот Газа, од кои 124 само во последните 24 часа, додека светските медиуми објавуваат дека можно е да се постигне договор помеѓу палестинските и израелските власти за прекин на огнот пред 10 март, односно пред почетокот на светиот месец Рамазан.
Палестинското Министерство за здравство во Појасот Газа соопшти дека израелската окупација изврши 13 масакри врз семејства во Појасот Газа, при што се убиени 124 Палестинци и ранети се 210 во текот на изминатите 24 часа, јавува Агенцијата Анадолу.
„Многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.
Вашингтон пост денеска објави дека по неколкунеделни преговори, израелските и палестинските власти можно е да се блиску до договор за прекин на огнот што ќе овозможи ослободување на заложниците во притворот на Хамас – кој управува со Појасот Газа – и затворениците приведени во Израел.
Израелската окупација изврши 13 масакри врз семејства во Појасот Газа, при што се убиени 124 Палестинци и ранети се 210 во текот на изминатите 24 часа.
„Двете страни ја прифатија општата рамка која вклучува поголема помош за палестинците во Газа, велат американските власти, но не сите детали. Израел, Хамас и нивните посредници се обидуваат да постигнат договор пред 10 март, почетокот на светиот месец Рамазан“, се вели во објавата.
Х. Сулејман