Скоро 138.000 луѓе во Велика Британија се вакцинирале против коронавирусот за една недела, соопшти денеска Владата во Лондон.
Пред една недела, Велика Британија стана првата земја во светот што почна вакцинација со вакцината на Фајзер и БионТек против коронавирусот.
Властите почнаа со имунизација на Британците постари од 80 години во домовите за социјална грижа и некои лекари и медицински сестри.
За една недела, првата од двете дози беше ја примиле 108.000 луѓе во Англија, 18.000 луѓе во Шкотска, 7.897 во Велс и 4.000 во Северна Ирска.
Вакцината ја примиле вкупно 137.897 лица. Втората доза се дава по околу три недели.
На почетокот на декември, Велика Британија стана првата западна земја што одобри вакцина за коронавирус. По неа следуваа Канада, САД и други земји.