Властите во Панама одобрија итна употреба на вакцината на „Фајзер“ и „БајонТек“ и првите дози во таа централноамериканска земја со четири милиони жители се очекува да пристигнат во првиот квартал од 2021 година, соопшти денеска заменик министер за здравство, Ивет Барио.
Истата вакцина вчера мина тест и во соседна Костарика, која на тој начин се приклучи на неколку земји, вклучувајќи ги САД и Велика Британија, кои одобрија употреба на вакцината против ковид-19 на „Фајзер“ и „БајонТек“.