Во светот, на секои 80 секунди умира една жена од кардиоваскуларни болести, а дури 80 отсто од овие болести може да се спречат со одење на превентивни прегледи.
Иако ризикот од срцеви болести е физиолошки еднаков кај жените и мажите, кај мажите, срцевите болести се дијагностицираат многу порано отколку кај жените. Причина за тоа е и предрасудата дека еден од примарните ризични фактори за срцевите болести е машкиот пол. Дијабетесот и пушењето се чести ризични фактори кај двата пола, но жените со овие предиспозиции имаат поголем ризик од развој на срцеви болести, отколку мажите со истиот фактор.
Кога жената доживува срцев удар, симптомите може да се разликуваат од оние кај мажите. Додека непријатноста и огромниот притисок во градите се вообичаени и кај два пола, жените исто така можат да доживеат и симптоми кои не се секогаш поврзани со срцевиот удар, како што се мачнина, отежнато дишење (краток здив) и вртоглавици (Слабата циркулација е виновна и за тоа што протокот во крвта на мозокот е ограничен, а тоа е многу опасно по вашиот живот. Во таков случај ќе почувствувате вртоглавица и потење – не игнорирајте ги тие знаци).
Недостатокот на здив е чест знак кај жените, а тука се и зашеметеноста, вртоглавицата, притисок во грбот, болка во вилицата и болка во горниот дел на стомакот.
Други симптоми може да вклучуваат:
– Болка или непријатност во вилицата, стомакот или во десната и левата рака
– Ладна пот
– Краток здив без болка во градите
– Повраќање
– Болка во градниот кош
Кардиолозите велат дека знаците можат да започнат неколку недели предвреме со гадење и недостаток на здив.
Некои од причините за развој на болести на срцето кај жените:
– Висок крвен притисок
– Зголемен холестерол
– Дијабетес
– Пушење цигари
– Седечки начин на живот
– Дебелина
– Семејна историја