Најмалку 11 постари лица со ограничена подвижност ги загубија животите во пожар во пензионерски дом во рускиот регион Башкортостан на Урал, соопштија властите.
Пожарот избувнал околу три часот по полноќ по локално време во дом во селото Ишбулдино, се вели во соопштението на Министерството за вонредни состојби. Пожарот бил локализиран три часа подоцна.
– Четири лица успеаја да излезат пред да пристигнат пожарникарите, додава Министерството.