Одделението за гинекологија и неонатологија при Општата болница во Охрид обезбеди современ апарат за мерење билирубин, донација на општествено одговорната компанија „Зегин“. Апаратот, како што посочуваат, овозможува точен и брз резултат, без потреба од конвенционален начин на проверување крв.

Директорот на болницата, д-р. Асен Шајн, од свое и во име на целиот персонал на Одделот се заблагодари за донацијата, притоа нагласувајќи ја важноста на овој апарат, оттаму што благодарение на современата техника се олеснува работата на персоналот, а истовремено се обезбедуваат побрзи резултати, што се е во интерес на здравјето на пациентите.