Земјите од Западен Балкан кои стагнираат со реформи, не напредуваат на патот кон ЕУ и не ја усогласуваат својата надворешна и безбедносна политика со политиката на Европската Унија, нема да можат да добијат пари од новиот Фонд за реформи и раст на Западен Балкан, изјави европарламентарецот и претседател на Одборот за надворешни работи, Дејвид Мекалистер.
Тој на заедничката седница на Комисијата за надворешни работи и Комисијата за буџет на Европскиот парламент, на која Европската комисија го презентираше предлогот за регулатива за формирање на тој Фонд во износ од шест милијарди евра во периодот од 2024 година до 2027 година.
Според предлогот на ЕК, станува збор за две милијарди неповратна помош и четири милијарди заеми, наменети за реформа на политичките, правните и економските системи, со цел да се намали разликата меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, како и да се поддржи процесот на приклучување на тие земји во ЕУ.