Три нафтени компании од кумановско-липковскиот регион со фиктивни фактури сакале по основ на поврат на ДДВ да испумпаат од буџетот над 2,6 милиони евра. Управата за јавни приходи денеска објави детали за шемата на овие правни лица, преку која се обиделе да нанесат штета на државната каса, која ја полнат и граѓаните и фирмите.
Првиот и третиот случај имаат соодветна поврзаност преку соодветен ист сопственик, односно основач, каде што по промената на податоците во тековната состојба во Централниот регистар, тој всушности си го сменил и своето презиме.
Првиот и третиот случај имаат и ист овластен сметководител кој што работи исклучливо само за тие два даночни обврзника, појасни Сања Лукаревска, директорка на УЈП и заменик претседателка на СДСМ во вечерашната „Топ тема“ во врска со истрагата за три даночни обврзници од нафтениот бизнис кои се обиделе со лажни фактури да испумпаат 2,6 милиони евра од државниот буџет, пренесува Либертас.