Денес државата-терорист – руската федерација повторно изврши масовни ракетни и беспилотни напади врз Украина….Киjив, Лвив, Одеса, Днипро, Харкив, Запорижја и други украински градови. Само во утринските часови тие лансирале повеќе од 158 воздушни цели.
Повеќе од 100 луѓе… цивили станаа жртви на овие напади. Луѓе коишто се спремале или оделе на работа, носеле деца во градинки и на училиште, луѓе кои оделе на лекар или да пазарат во трговски центар. Невини животи, уништени судбини, украдена иднина, човечки страдања. И ова е само во текот на денешното утро, инаку, веќе 647 дена поминаа од почетокот на сеопфатната инвазија на руската федерација во Украина.
Денес се уништени: породилиште, образовни институции, трговски центри, висококатници и приватни куќи, деловни простории, цивилна инфраструктура.
Целиот свет веќе виде дека руските терористи нема да запрат пред ништо, тие имаат за цел да ја уништат Украинската нација, целосно да ја уништат Украина. Русите вршат геноцид врз Украинскиот народ – и тоа пред очи на меѓународната заедница.
Руските злосторства мора да бидат осудени, руските терористи мора да одговараат за бројни убиства, киднапирања на деца, терор…
Во овој момент херојските Украински војници стојат во одбрана на својата татковина, тие секоја минута одбиваат руски напади, но нас потребна ни е помош.
Затоа повикуваме на зголемување на воена и техничка поддршка, на Украина и е потребна помош од сојузниците и партнерите, животите на цивилите и самото постоење на нашата нација зависат од вашата навремена помош!
Мора да станете свесни дека (при најлошото сценарио) русија нема да се задоволи со Украина, доколку не ја спречиме на ред ќе дојдат и други европски земји. Московскиот монструм никогаш нема да се насити!
Украина продолжува да се бори за животите на луѓето, демократските и европските вредности.
Украинците продолжуваат да вршат свој херојски отпор на крвавите руски агресори.
Украина ќе победи!
Слава на Украина! Слава на хероите!