Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека руските безбедносни служби имале информации за подготовка на немири во Србија.
Ана Брнабиќ потсети дека уште пред изборите предупредила дека дел од опозицијата со насилни средства ќе се обиде да ги оспори резултатите од изборите и да ја преземе власта во Србија, што кулминираше со напад на градското собрание во Белград.
Брнабиќ и се заблагодари бидејќи руските безбедносни служби ги споделиле информациите до кои дошле со нивните српски колеги.
– Ова веројатно нема да биде популарно кај оние од Западот, но особено вечерва чувствувам дека е важно да застанеме во одбрана на Србија и да им се заблагодарам на руските безбедносни служби што ги имаа овие информации и ги споделија со нас – рече Брнабиќ.
Српските државни власти потоа ја споделија таа информација со други претставници на меѓународната заедница, кои ја отфрлија како руска дезинформација.