– Во 11 часот студентите во Белград го блокираа Министерството за државна администрација и локална самоуправа. Ним им се придружија и студенти од Нови Сад, јавија белградските медиуми.
Како што најавија претходно студентите, доколку не добијат потврден одговор од Министерството за државна управа и локална самоуправа на нивното барање за отворање и ревидирање на избирачкиот список, од таму ќе продолжат да блокираат две места во Белград.
Студентите од почетокот на минатата недела секоја вечер од 18 часот учествуваа на протести пред зградата на Републичката изборна комисија. Тие ја поддржаа коалицијата „Србија против насилството“, која повика на тие протести за да се исполни нивното барање за поништување на изборите поради нерегуларности.
Студентите бараат и поконкретни чекори од опозицијата, кои самите ги најавија на еден од протестите.