Само со новиот, 9-ти пакет антикризни мерки финансиски поддржуваме 187.000 пензионери со пониски пензии кои добиваат и до 15.000 денари за 5 месеци, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите“ во Штип.
Во наредните 5 месеци, како што посочи лидерот на СДСМ, Ковачевски, пензионерите со пензија до 14.000 денари добиваат по 3.000 денари месечно финансиска поддршка што е поддршка од вкупно 15.000 денари. Пензионерите пак со пензија од 14.000 до 16.000 денари добиваат по 2.000 денари месечно, додека тие сограѓани, пензионери со пензии меѓу 16.000 и 19.000 денари во следните 5 месеци, добиваат поддршка од 1.500 денари.
-Затоа што ние мислиме за секого, затоа што ние не носиме популистички предизборни решенија. Ние носиме системски решенија кои имаат ефект на долг рок “порача претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски подвлече дека СДСМ веќе ги покачи пензиите во просек и за над 5.000 денари, споредбено со времето кога владееше ДПМНЕ.
При тоа Ковачевски, посочи дека просечната пензија денес изнесува 20.100 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година. Минималната пензија денес изнесува 13.150 денари и таа е за речиси 50% поголема од времето на ДПМНЕ.
-А за ветувањата на ДПМНЕ, односно вистинскиот збор е – лагите во кои ниту тие не веруваат ова се фактите. Еднаш велат ќе ги покачиле пензиите за 5.000 денари, па после велат дека мислеле на рати да ги покачат по 500 денари. Така лагата за 5.000 денари покачување стана 500 денари. Тоа е познатото минпулирање и потценување на граѓаните од страна на ДПМНЕ, кое го живеевме 11 години, нагласи претседателот на СДСМ.
Нам пензионерите не ни се гласачка машина, ние пензионерите ги почитуваме, не гиманипулираме пред избори, ние им го даваме тоа што им е заслужено за пристојна старост и навреме, не пред избори. Од првиот ден откако сум премиер така функционираме, ние креираме политики за спокоен живот на нашите постари граѓани, потенцираше Ковачевски
-За 2 години пензиите ги покачивме за 25%, најмногу досега и пензиите ќе продолжат да растат со СДСМ”, порача претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски пред присутните на денешната трибина „Повеќе за сите“ во Штип.