Актуелниот претседател на Собранието и предлог на ДУИ за прв премиер Албанец во последните 100 дена од Владата, Талат Џафери во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека познава многу Македонци, кои апсолутно немаат ништо против токму тој да биде премиер.
„Се среќавам со многу Македонци, добивам коментари од нив, слушам реакции, можам да кажам дека за голем дел од нив е прифатливо моето решение за премиер“, порача Џафери.
Џафери на 28 јануари ќе биде предложен за технички премиер на Владата на РСМ, по предлог на ДУИ, а со тоа јавноста се јави со реакција.
Дел од политичарите пак коментираа дека Талат Џафери не е прифатлив како премиер за етничките Македонци.
На ова Џафери одговори дека имало слични реакции и кога беше предложен за министер за одбрана во владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски, а имаше реакции и кога беше предложен за Претседател на Собранието.