На маргините на инаугурацијата на новиот аргентински претседател, Волкодомир Зеленски имал кус, но жесток разговор со Виктор Орбан, кој е поддржувач на Русија. Самото видео го објави Зеленски кој рече дека имал „искрен разговор“ со Орбан за европските прашања, но сепак што точно разговарале не е познато. Од видеото се гледа дека разговорот бил доста жесток.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, Унгарија постојано го попречува испраќањето на средства од ЕУ во Киев и се спротивставува на санкциите против Русија.