Северна Македонија нема да го започне преговарачкиот процес со Европската унија до крајот на годината. Опозицијата не сака да помогне во спроведувањето на уставните измени и се надева дека доколку победи на изборите ќе преговара за нова преговарачка рамка.
Ова во интервју за БГНЕС го изјави познатата македонска новинарка Жана Божиновска, со која разговараме за причините што ја спречуваат Република Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ, пренесува Трибуна.
Божиновска вели дека преговарачкиот процес нема да започне наскоро, бидејќи Скопје не ги спровело уставните измени наведени во „францускиот предлог“.
„Судејќи според состојбата во државата, преговарачкиот процес меѓу РСМ и ЕУ нема да започне сега, бидејќи уставните измени не се направени и нема време (до Европскиот совет во декември) кога тие измени можат да бида покренати“, рече таа.
Процесот се одолговлекува бидејќи опозицијата не се согласува со измените. „Без неа не може да се дојде до 2/3 мнозинство. Знаеме дека се потребни 80 пратеници кои во моментов не можат да се соберат“, додаде Божиновска.
Новинарката смета дека одбивањето на опозицијата да помогне во спроведувањето на измените се должи на тоа што ВМРО-ДПМНЕ потребата од промена на основниот закон на РСМ ја доживува како „бугарски диктат“. Според Божиновска, опозицијата во РСМ се надева дека доколку победи на изборите ќе преговара за нова преговарачка рамка со ЕУ.
„Причината за ваквата состојба во која се наоѓаме сега е позната – уставните измени. Зошто не се направени? Опозицијата е против. Многупати повторија дека нема да гласаат за такви измени, бидејќи според нив тоа е бугарски диктат. Многупати кажаа дека доколку дојдат на власт ќе се обидат да создадат нова преговарачка рамка (во која се сигурни дека ќе успеат) која ќе биде подобра за нас. Ако ги следиме изјавите од ЕУ и европските политичари, ќе сфатиме дека нема да има нова преговарачка рамка и би рекла дека е илузија да се очекува нова рамка и нови услови за почеток на преговорите“, изјави новинарката.
Божиновска не верува дека Северна Македонија е изложена на ризик од изолација поради нејзиното одбивање да ги спроведе промените, но тврди и дека никој не може да предвиди кога земјата конечно ќе ги започне преговорите со ЕУ.
„Не може да се зборува за изолација, ние некогаш ќе ги почнуваме преговорите. Кога точно ќе се случи тоа зависи од новата влада, бидејќи следната година ќе имаме избори. „Кој и да ја формира новата влада, во одреден момент ќе дојде до ситуација кога ќе се донесат уставните измени, а кога ќе биде тоа, никој навистина не може да каже“, рече таа.
Фото: БГНЕС