Романското Министерство за здравство прогласи епидемија на сипаници на национално ниво поради алармантно зголемување на случаите низ целата земја.
„Министерството прогласува национална епидемија за да се олесни вакцинацијата на децата меѓу 9 и 11 месеци и на постарите деца кои сè уште не се вакцинирани“, се вели во соопштението на 5 декември, додавајќи дека се има 2 000 нови случаи на заразени во 29 од вкупно 41 округ во Романија.
Романија бележи континуирано намалување на бројот на деца вакцинирани против сипаници, поттикнати од кампањите против вакцинација на социјалните мрежи.