За Бугарија влезот на РС Македонија во ЕУ нема алтернатива. Тоа стана јасно по средбата на двајцата претседатели на бугарскиот и македонскиот парламент Росен Желјазков и Талат Џафери, јавува Трибуна.

Желјазков подвлече дека за Бугарија е исклучително важно РС Македонија и Албанија да одат заедно по патот кон ЕУ. Тој истакна дека треба да се спротивставиме на говорот на омраза.
,, Гаранција за тоа е чувањето на правата на бугарската заедница. Промената на Уставот е дел од овој пат” , истакна претседателот на бугарскиот парламент додавајќи дека за РС Македонија нема друга алтернатива освен европската.
,, Им должиме на нашите народи заедничка европска иднина и мирно постоење во овој тензичен свет. Нашата посета денес е израз на нашите најдобри намери, на нашето пријателство, бидејќи нашата иднина е нашиот ангажман кон идните генерации “, подвлече Желјазков.
Претседателот на македонскиот парламент Талат Џафери изјави дека неговата трета средба со неговиот бугарски колега е можност да се испрати сигнал за поголема заедничка соработка. Џафери го запозна својот колега од Бугарија со фактот дека процедурата по скринингот на македонското законодавство е кон својот крај.

Посетата на претседателот на бугарскиот парламент Росен Желјазков и министерот за култура на Бугарија, Крсто Крстев, започна со поднесување на венци и свежо цвеќе пред саркофагот на Гоце Делчев во црквата ,,Св. Спас “во Скопје.
,,Гоце Делчев е наш заеднички херој, таквите личности и нивното дело треба да ги обединуваат нашите народи и треба да бидат пример. Тие треба да бидат почитувани а не присвојувани”, истакна Желјазков.
По поднесувањето на венци пред саркофагот на Гоце Делчев, бугарската делегација и бугарските дипломатски претставници предводени од амбасадорот на Република Бугарија во РС Македонија Ангел Ангелов, ја посетија и црквата „Свети Спас“, каде што го видоа нејзиниот уникатен иконостас чии автори се Петар Филипов и Макариј Негриев. Познатиот Дичо Зограф пак ги црта голем дел од иконите во црквата.

Бугарската делегација го посети и Бугарскиот културно-информативен центар каде што присуствуваше на работилница со социјален карактер и доделување на ваучери за интернет обука по проекти финансирани од бугарската помош за развој. Деца со специјални потреби цртаа уметнички дела кои ќе бидат продадени на добротворна аукција а дел од нив ќе се најдат на божиќни честитки, кои ќе бидат испратени до владите на Бугарија и РС Македонија.
По доделувањата на ваучери те за интернет обука децата од уметничките работилници добија подароци- материјали за цртање од спикерот на бугарскиот парламент Росен Желјазков и министерот за култура Крсто Крстев. Присутните во Бугарскиот културно-информативен центар испратија заедничка порака и против домашното насилство, како поддршка за кампањата на г-ѓа Билјана Ангелова, сопруга на амбасадорот на Бугарија во РС Македонија Ангел Ангелов- „Стоп за домашното насилство. Жртвите не се виновни“.
Посетата на претседателот на бугарското собрание и на министерот за култура Крсто Крстев продолжи со откривање на изложба во археолошкиот музеј на РС Македонија. Изложбата ,,Сребрена Тракија” беше откриена во присуството на двајцата претседатели на парламенти Росен Желјазков и Талат Џафери.

Министерот за култура на Република Бугарија Крсто Крстев ја претстави изложбата со зборовите ,,убеден сум дека експозицијата посветена на ,,Сребрените тракиски скапоцености ” не само ќе се радува на интерес на публиката и специјалистите, туку ќе ја потврди важната улога на историјата и уметноста не само во културниот постер на Скопје но и во културната карта на Балканот и во Европа.
Галеријата можете да ја погледнете овде.























