Бактеријата Ешерихија коли предизвикала сепса од која починало новороденчето од Прилеп на Клиниката за детски болести, објави Канал 5.  

Професорката д-р Аспазија Софијанова, која е шеф на неонаталната интензивна нега на клиниката, во изјава за „Канал 5“ вели дека бактеријата се потврдила во анализите направени од крвта. Д-р Софијанова не може да каже на кој начин новороденчето ја добило бактеријата. Детето било донесно во тешка состојба со откажување на виталните органи бубрезите и белите дробови. И покрај сите напори бебето починало.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Болницата во Прилеп во врска со смртта на новороденчето кое почина од сепса, потврди денеска во изјава за новинарите министерот за здравство Фатмир Меџити.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.