– Ова раководство на ДУИ и дел од луѓето кои се дел од него се сериозно според индициите и информациите кои ги имаме, длабоко вплеткани во криминал.  Нашата посакувана опција е така наречената албанска опозиција. Видовме пред некој ден окрупнување околу таа опозиција, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека треба да им се даде шанса на ДУИ да поминат во опозиција одреден период да се освежи со нови идеи, бидејќи сега се конфузни и испраќаат лоша порака.

– Гледате како  од онаа зелена агенда почнаа до обединета Албанија. Водат политика од денес за утре.  Додека одат од еден на друг споменик се возат во Ролс Ројс, Мајбах, купуваат мултимилионски имоти. Пораката не е добра, изјави Мицкоски.