Синоќа во Тетово одвоената фракција од политичката партија „Алтернатива“ која во текот на овие месеци во повеќето ограноци одлучуваше да ги прекине своите внатрепартиски активности, едногласно одлучи да формира Координативен совет.
На синоќешната средба на која беа присутни 13 ограноци со свои претставници, претставнички од Форумот на жени и претставнички од Младинскиот форум, формиран е Координативен совет, каде покрај разговорот за политичката состојба во државата, овој новоформиран Совет ги донесе следните одлуки:

– За координатор на e избран пратеникот на Изборната зона 6, Хисни Исмаили, со поддршка на ОО Тетово, како и со едногласна поддршка на претставниците од соодветните ограноци;
– Исто така, освен координатор, Советот со едногласни гласови го избра Муаз Емин за заменик координатор, додека за портпарол е назначен Меритон Цивули од Чаир;

Состанокот заврши со коктел, додека на претставниците на 13-те области, Младинскиот форум и Женскиот форум им се истакна дека во иднина ќе бидат известени за идни политичките дејствија.”