Врховниот суд е под страшен политички притисок како знае и умее да ја оживее амнестијата на Ѓорге Иванов врз непостоечки член, за да се спаси Никола Груевски кој со измените на Кривичниот законик, не е доослободен комплетно, пишува СДК.мк

Им треба на некои партии да дојде тука за предизборни математики, а ослободувањето може да се случи само со начелен став од Врховниот суд, од кого се бара да си го погази зборот и да порекне дека аболицијата на Иванов била незаконска.

Претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, во интервју за СДК.мк вели:

-Познато е и дека вмешувањето на политиката во судството во нашата држава е присутна појава и тоа е веќе нотирано како проблем кој ја нарушува неговата независност. Факт е дека не се почитува уставното начело на поделба на власта. Постојат ситуации на обиди за директно мешање на политиката и на другите власти, поради реализација на агенди кои не се во корелација на владеењето на правото и на надлежностите на судската власт. Но ние како Врховен суд и како највисок суд во државата не дозволуваме и не смееме да дозволиме преку таквите обиди да се наруши независноста на судството и со тоа да падне неговиот углед, односно угледот и авторитетот на Врховниот суд. Не смееме да дозволиме политичките интереси да се кршат на грбот на судството. Затоа сметам дека е битен личниот интегритет и судската култура што ја градел низ годините секој од нас како судија, важна е солидарноста меѓу судиите, бидејќи тоа испраќа порака и до оние што вршат притисоци, но и до јавноста дека судството ќе опстои на своите темелни вредности, вели Адеми.

Целото интервју на СДК.мк.