Александар Спасеновски, професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“  во „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за уставните измени.

Тој кажа дека во овој владин состав тешко ќе бидат донесени уставните измени, но и дека следната влада ќе ја има таа обврска.

„Важно е да споменеме дека независно како ќе тече расправата во Собранието, карактерот на преземената обврска од страна на власта не тера да заклучиме дека ова не е нешто кое ќе заврши со завршување на мандатот на Собранието, туку ова е обврска која ќе биде присутна и на идната Влада, а таа е тесна поврзана со процесот на евро интеграцијата. Ова е реалноста, и на таквата реалност ќе мора да се прилагодат политичките лидери“, изјави Спасеновски.