Отворен Балкан е јасно дека како иницијатива може да функционира само доколку сите шест земји од Западен Балкан се вклучени, рече претседателот Пендаровски во синоќешното интервју за ТВ Шења, и притоа додаде дека само на тој начин продуктивноста би била многукратно поголема.

Структурен хендикеп на таа иницијатива ќе биде ако ги нема сите држави внатре, истакна претседателот Пендаровски.