Промената на сопственоста на „Хеј ДООЕЛ“ е само дел од низата промени кои се случија поврзани со името на оваа компанија откако РСЕ објави дека склучила договор за закуп со Државна лотарија за изнајмување на деловни простории за месечна кирија од речиси 22.000 евра месечно за период од 10 години.
Од пред пет дена, Асмир Јахоски, газдата на „Пуцко Петрол“ и син на поранешниот градоначалник на општина Пласница и актуелен пратеник од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски, е нов сопственик на „Хеј ДООЕЛ“, компанија која склучи договор за закуп на деловни простории со Државна лотарија во скопско Визбегово тежок над 2,6 милиони евра.
Промената на сопственоста е извршена во Централниот регистар на 26 октомври 2023 година. Пријавата за бришење на досегашниот сопственик, Армин Машовиќ е поднесена на 20 октомври, стои во електронската база на Централниот регистар во делот за упис на промени.
Временски, тоа е само два дена подоцна откако РСЕ објави дека 33 годишниот скопјанец Машовиќ за неколку месеци ја формирал „Хеј ДООЕЛ“, ги купил деловните простории во поранешниот ресторан за свадби „Фестина“ и потоа склучил договор со Државна лотарија за закуп на истите за сума од над 2,6 милиони евра.
Целата вест на Радио Слободна Европа























