„Што правите вие, освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство…По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници…Се е заглавено поради недостаток на имплементација, корупција и непотизмот. Со едноставни зборови, нема вистинска политичка волја за промена“, вели Дирк Јан Коп.

По втор пат за неколку месеци холандскиот амбасадор во Скопје, Јан Коп директно в лице ни ја кажа суровата вистина, пренесува ТВ21.

Како што вели тој амбасадорот на Холандија, покрај огромната помош од ЕУ на патот кон евроинтеграциите и реформите, резултатите не се видливи. Главниот проблем се корупцијата и немањето политичка волја за промени.

„После повеќе од децениски застој и активно и системско уназадување на сите демократски процеси кои ја донесоа земјата до статусот заробена држава, во изминативе шест години Северна Македонија успеа да ја возобнови демократијата во државата и денес да биде препознаена како демократски систем во кој секојдневно и активно се работи на подобрување на сите сфери на работење и функционирање, вклучително и зајакнување на функционалното владеење на правото“, вели Владата на РСМ.

Целата вест на ТВ21.