Настаните „Walk and Talk“ организирани под иницијатива на Министерството за труд и социјална политика со поддршката на УНИЦЕФ, а во соработка со Институтот за добро владеење и евроатлантски перспективи имаат за цел подигнување на свеста за менталното здравје кај адолесцентите и нивните семејства.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани денеска заедно со претставници од извидниците и млади лица пешачеа по претходно смислена пешачка рута во Струмица.„ Системот за социјална заштита е оној кој треба да се грижи за благосостојбата, но и оној кој охрабрува, поттикнува и мотивира. Затоа сме тука денес . Зошто младите го менуваат нашето општество, дестигматизираат и исчекоруваат. Нашата крајна цел е креирање на позитивна благосостојба низ која можеме да го достигнеме нашиот целосен потенцијал “ изјави Тренчавска.

„Многу деца и млади страдаат сами и не бараат помош поради стигма или отсуство на иницијативи за унапредување и заштита на менталното здравје и грижа за оние на кои им е најпотребна,” рече Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ. „Никој не треба да биде оставен сам да се справува со предизвиците околу менталното здравје. Треба да се погрижиме децата и младите да добијат поддршка кога тоа им е потребно.“

Иницијативата ќе има 16 настани во различни градови кои имаат за цел да ги поттикнат младите (15-29 години) отворено да зборуваат за предизвиците на менталното здравје и да го дестигматизираат менталното здравје воопшто преку пристап заснован на игра.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.