Северна Македонија и Јужна Африка воспоставија дипломатски односи во рамки на Генералното Собрание на ОН, во Њујорк, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Потврда за нашите заложби за градење пријателски односи и партнерства и со географски оддалечените земји.
 Ново поглавје во билатералните односи меѓу двете земји нуди дополнителни можности за развој и на економските и бизнис врски, како и зајакнување на соработката на мултилатерално ниво.  Јужна Африка е 182 земја со која Северна Македонија има воспоставено дипломатски односи, вели Бујар Османи.