Припадниците на Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) по налог на Обвинителството на Босна и Херцеговина на подрачјето на Зворник, Шековиќ, Хан Пијеска, Власеница и Билеќа уапсија неколку лица осомничени за кривично дело геноцид, извршено во јули 1995 година, по падот на Заштитената зона на ОН Сребреница.
Уапсени се поранешни старешини и припадници на Војската на Република Српска. Тие се товарат за учество во заробување и убиство на околу седумдесет мажи и момчиња од бошњачка националност и една жена на 15, 19 и 23 јули 1995 година на локацијата Јаровље во Власеница и две локации на подрачјето Бишина-Шековиците.
Уапсените ќе бидат изведени пред обвинител, кој ќе ги испита и ќе одлучи за понатамошните активности во овој случај, соопшти Обвинителството на Босна и Херцеговина.