Завршува вториот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) –Штип. Проректорот за настава Мишко Џидров изјави дека денеска кандидатите можат да поднесат приговори, а утре ќе се објават резултатите од уписите на студентите во прва година за академска 2023-2024 година.

-Веднаш потоа продолжуваме со запишување на сите студенти, кои ќе бидат конечно рангирани и понатаму ќе го најавиме третиот уписен рок, на 18 и 19 септември, рече Џидров.

Посочи дека како Универзитет се задоволни од бројот на запишани студенти, имајќи предвид дека од година во година се намалува и бројот на завршени средношколци.

-Истото се случува во околните земји и подалеку и мора да бидеме задоволни од бројот на запишани студенти. Се уште е рано и сме некаде на средина од уписните рокови, но оваа година можам дека кажам дека сме задоволни од запишаните студенти од првиот успиен рок, додаде Џидров.

Најголем интерес има за факултетите за медицински науки и за информатика. На идните студенти им се нудат и стипендии и низа поволности.