На самитот на Процесот Брдо-Бриони што ќе се одржи во Скопје ќе учествува албанскиот претседател Бајрам Бегај, соопштија од неговиот кабинет.

Според официјалното соопштение од кабинетот на Бегај, се очекува лидерите на овој самит да усвојат заедничка изјава, каде што ќе ги истакнат регионалните предизвици и приоритети, особено во однос на евроинтеграциите, но и други прашања од регионално значење.

-Претседателот Бегај, кој попладнево ќе отпатува за Северна Македонија, во текот на двата дена од престојот ќе оствари билатерални средби со негови колеги, а ќе се сретне и со лидерите на политичките партии на Албанците, стои во соопштението.