Ковачевски нека не ја држи Македонија во заложништво, неговата фотелја не е поважна од иднината на граѓаните, оставка па избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во нивното соопштение се вели:

Ковачевски треба да се соочи со реалноста и да си поднесе оставка веднаш, за да може што побрзо да одиме на избори и да почнеме да ги решаваме проблемите на граѓаните.

Јасно е веќе дека уставни измени под бугарски диктат нема да се случат и јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема да оди против мислењето на својот народ.

Власта прифати катастрофален договор, за кој беа предупредени дека нема да помине и од ВМРО-ДПМНЕ и од граѓаните, но за да купат уште некој ден на власт и да прават криминални зделки тие го прифатија.

Затоа сега дојде време за оставка, избори и на крај одговорност.