Младиот Леонид Индов се уште е на болничко лекување во соседна Грција, каде докторите се борат за неговиот живот.
Поради висината на трошоците, пред неколку дена хуманитарната организација „Свети Спас“ упати апел за собирање финансиска помош за 18-годишниот Лео кој по несреќата во Грција бил хоспитализиран се уште е на интензивно лекување во болницата во Солун.
– Има повреда на третиот, четвртиот и петтиот пршлен, поради што дише на апарати и не може да ги движи своите екстремитети. Храбро помина неколку хируршки зафати, но понатамошните медицински третмани и рехабилитација освен што од него ќе бараат многу сила, чинат и голема сума на финасиски средства. Драги добри луѓе, за оваа борба за животот на Леонид, потребни се 200.000 евра – напишаа од организацијата во нивниот апел.