„Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздравува брзата реакција на Министерството за внатрешни работи (МВР) за приведување на напаѓачот на новинарската екипа на ТВ Алсат денеска во Скопската стара чаршија.

Укажуваме дека постапката треба да продолжи во Основното јавно обвинителство (ОЈО) и според новите измени на Кривичниот законик од 14.02.2023 во делот за загрозување на сигурноста, кој освен повисоки казни за повреда на овие права на новинар или друг медиумски работник или друго лице што врши работи од јавен интерес при вршењето на професионалните задачи или во врска со вршењето на професионалните задачи, се предвидени затворски казни и обвинителството ќе постапува по службена должност.

Потенцираме дека само преку функционален систем за заштита на новинарите се очекува дека во иднина ќе се демотивираат напаѓачите да се закануваат и да напаѓаат, а на тој начин ќе се осигура безбедна средина како основен предуслов за нивната работа“, се вели во соопштението на Здружение на новинарите на Македонија.