Од денеска до 20 август ќе се одржи Ликовната колонија Галичник.
Во ликовната колонија ќе земат учество десетина домашни и странски уметници. Организаторите информираат дека овој пат се менува медиумот на колонијата кој ќе се движи во насока на дигиталната уметност и новите медиуми како интернет уметност, компјутерската уметност, дигиталната фотографија и графика, видео инсталациите, виртуелната реалност.
Дел од Ликовната колонија Галичник 2023 ќе бидат уметниците Калин Серапионов (Бугарија), Пенка Минчева (Бугарија), Ефи Фурики (Грција), Фуруја Такахиса (Јапонија), Ларс ден Хертог (Холандија), Ил Џафери (Косово), Аница Вучетиќ (Србија), Јелена Владушиќ (Србија) Иван Блажев (Македонија) и Филип Велковски (Македонија).
На 17 и 19 август во 19:30 часот во амфитеатарот Упија ќе има јавни претставувања на уметниците, а на 19 август во Упија од 11:30 часот ќе се одржи работилница со деца.