САД официјално ја одобрија испораката на првата серија тенкови Абрамс во Украина, а тенковите треба да пристигнат во Украина до почетокот на есента, изјави портпаролот на американската војска Даг Буш.
„Тенковите Абрамс треба да стигнат до Европа, а потоа и во Украина, заедно со сите работи што ги следат“, рече Буш .Тенковите треба да стигнат до Европа, а потоа да бидат префрлени во Украина со муниција, резервни делови и опрема за гориво, пренесува Си-Ен-Ен.
САД почнаа да ги обучуваат украинските војници како да управуваат со тенкови во мај во Германија. 31 тенк од моделите М1-А1 наменети за Украина беа подложени на реновирање и подготовка за испорака неколку месеци и беа официјално одобрени за испорака во текот на викендот. с