Во нападот, како што се наведува, била погодена истата високакатница во која пред два дена, исто така, удри дрон. Според Риа Новости, во зградата која денеска повторно беше нападната, се сместени неколку владини агенции

Руската противвоздушна одбрана соборила „неколку“ беспилотни летала кои биле насочени кон московскиот регион, изјави градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин, пренесe Гардијан. Во нападот, како што се наведува, била погодена истата високакатница во која пред два дена, исто така, удри дрон.
Поради нападите, превремено бил затворен и московскиот аеродром Внуково, а летовите биле пренасочени

Ова следува два дена по изјавата на украинскиот претседател Володимер Зеленски во која тој кажа оти „војната постепено се враќа на територијата на Русија“