Јавноста беше сведок дека одобрението за Иловица го има дадено и концесијата потпишана од владата на Бучковски уште во 2006 година, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по средбата со ССК, во врска со обвинувањата на власта која топката за концесиите ги префрла на опозицијата,

Мицкоски исто така посочи дека кај власта има големо лицемерие и двојни стандарди затоа што вчера на владина седница никој од министрите кои рекоа дека се излажани не побараа да се врати точката назад или да се поништи концесијата.

– Слушнавте дека некој од овие излажаниве бил гласен на седницата за да се раскине договорот за да не бидат излажани? Јас не слушнав. Имаше неколкумина членови на владата кои рекоа дека се излажани  од страна на министерот Крешник Бектеши. Еве вчера имаше седница на владаа, ако јас се чувствувам излажан, манипулиран, логично е на самата седница да излезам и да кажам „тој и тој ме излажа и јас поддржав нешто што не сакам да поддржам и ве молам таа точка да се врати назад или да дополнам со друга точка и да ја поништам концесијата“. Такво нешто од страна на владата не слушнав ниту пак од овие излажаните, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека таква работа нема затоа што во владата има многу лицемерие, многу двојни стандарди, многу лаги, криминал и корупција