Акциите запленети од предметот „Империја“ што се во сопственост на поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, во наредните пет дена ќе бидат ставени на аукција на берза.
Акциите денеска ќе бидат ставени за тргување на Македонската берза за хартии од вредност по принципот „се или ништо“.
Тоа значи акциите во „ТТК“ банка, Тутунски Комнибат „Прилеп“, „Акцелор Митал“, Стопанска Банка Битола, „Попова Кула“, „Халк Банка“, Југотур и РЖ Услуги ќе се продаваат во пакет. Нив сегашен сопственик е Агенцијата за конфискуван имот, објави РСЕ.
Вупната почетна вредност на сите акции засега изнесува 268 илјади евра.
Во случајот „Империја“, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинтелството, а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот Мериот.