Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ денеска ги усвои иемните на Законот за облигациони односи, како и Законот за извршување со кои повеќе нема да може каматата да биде повисока од долгот, велат од СДСМ.
Во нивното соопштение се вели:
Овие измени кои доаѓаат по бројни реакции од граѓаните до пратениците, ќе овозможат кога износот на стасаната, а неисплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината, таа да престане да тече.
Дополнително, се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.
На овој чин ги штитиме граѓаните и ставаме крај на праксата граѓаните да плаќаат и до 10 пати поголем износ отколку што навистина должеле, како што тоа беше случај често пати досега.
Пратениците од ДПМНЕ и Левица кои секојдневно глумат загриженост за граѓаните, не гласаа за овие законски измени и уште еднаш како и многу пати до сега се ставија на спротивната страна од интересите на граѓаните.
СДСМ, преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи продолжува да се грижи за животниот стандард на сите граѓаните.