Претседателот на државата Стево Пендаровски во недела, 23 јули, ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Албанија.
Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, а посетата е на покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај.
Според агендата, предвидено е Пендаровски да ги посети општините Пустец и Подградец.