Билатералните односи и ситуацијата во регионот, биле во фокусот на средбата на премиерите на Северна Македонија и Грција Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис, информираат од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.
Ковачевски и Мицотакис се сретнаа утрово на маргините на НАТО Самитот што се одржува во Вилнус.
-За време на средбата разменија мислења за последните случувања во регионот, а ги разгледаа и билатералните односи и ја реафирмираа волјата за нивно продлабочување, информираа од кабинетот на Мицотакис.
Ова е прва средба на премиерите на двете земји по избрите во Грција на 25 јуни и е на само четири дена откако Владата на Мицотакис доби доверба од Парламентот.