Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени.
Како што посочуваат од УХМР, утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени.
Особено топло ќе биде во четврток и петок, кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.