Претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини ги отфрла тврдењата наведени во кривичната пријава за злоупотреба на службената должност преку злоупотреби на АКМИС системот, семејни вработувања и намерно застарување на предмети. Според него, ниту една кривична пријава не е точна. Станувало збор, вели, за обид да се наруши неговиот и имиџот на институцијата, пренесува Алсат.

„Одговорно тврдам дека во Управниот суд немало, ниту ќе има рачна распределба на судски предмети додека јас ја водам оваа институција. Ниту јас ниту некој друг не можеме да знаеме кога некој предмет ќе застари за даноци или од царини. Ретки се случаите на застарување на даночните и царинските предмети. Ова се случува само кога ќе помине 10-годишниот рок на апсолутна застареност“, вели Сејдини.

Во меѓувреме, Комисијата за спречување на корупцијата најави формирање на случај врз основа на кривичната пријава.

Сејдини е на чело на Управниот суд од 2017 година, а со одлука на Судскиот совет беше реизбран на функцијата во 2021.