“Да се расчисти со оние кои не одат на работа, а земаат плата“, рече Данела Арсовска на денешната прес-конференција заедно со директорката на ЈП Комунална Хигиена Косана Мазнева.

„Треба да се стави крај на овие луѓе кои земаат плата, а не доаѓаат на работа. Наместо да кажете дека ние конечно дојдовме да ги разобличиме овие и да не дозволиме никогаш повеќе да не се случува. Замислете, ние откривме луѓе кои си се во Германија си возат камиони, а од тука им стигнува плата од претрпијатието“, рече Арсовска.