Со асистенција на полицијата, вечерва камионите од ЈП „Комунална хигиена” во Скопје конечно излегоа на улица да собираат ѓубре. Претседателот на синдикатот кажа дека во протестот се повредени тројца работници. Вработените кажаа дека полицијата привела 4 работници, објави СДК.мк.
Потоа дојде до буткање и кошкање меѓу вработените и полицијата, но беше избегнат поголем инцидент. Патот беше пробиен и камионите излегоа.