Градоначалникот на општина Банско, Иван Кадев, се сретна со својот колега градоначалникот на општина Виница Миле Петков, јавува Трибуна.

Придружувани од нивните тимови, тие ги испитаа можностите за заедничко учество во проекти во рамките на програмата Interreg (VI-A) ИПП Бугарија – Северна Македонија 2021-2027 година.

Врз основа на воспоставените добри односи меѓу двете збратимени општини, се разговараше за предлог проекти кои ќе придонесат за развој на „зелената“ инфраструктура во урбаните и приградските средини, што ќе има позитивно влијание врз здравјето и благосостојбата на луѓето.

На средбата беше изразено уверување дека долгогодишната соработка меѓу Банско и Виница е предуслов за плодна и ефективна работа, а размената на различни полиња меѓу двете општини ќе продолжи и во иднина.