Малку по 10:30 часот, Кристијан Пендиков, кој беше претепан на 19.Јануари влегол во истражната зграда во Охрид, каде се очекува да го даде првото сведочење за инцидентот. Пендиков ги избегна камерите и новинарските прашања, влегувајќи преку споредниот влез на зградата, јавува репортерот на БГНЕС.

Секретарот на згаснатиот бугарски клуб „Цар Борис Трети“, прв пат се враќа во Охрид по повеќемесечното лекување во Софија за да даде исказ пред истражителите за тепањето.

Еден од напаѓачите, Илија Спасески рече дека го разбира обвинението, но не се чувствува виновен, а неговите адвокати велат дека ќе докажат дека инцидентот не се случил поради етничка омраза.

На Пендиков неодамна потпретседателката Илијана Јотова лично му ги врачи бугарските документи по што тој практично стана бугарски државјанин.