– Ако обичните Руси продолжат да ги враќаат своите деца во ковчези, додека децата на елитата се сончаат во странство, Русија ќе се соочи со превирања како револуциите од 1917 година кои доведоа до граѓанска војна, изјави шефот на воената група Вагнер, Пригожин во интервју за Телеграм.

Тој вели дека се наоѓаат во состојба што може да доведе да ја загубат Русија. Порачува дека мора да се воведе вонредна состојба. Пригожин вели дека низ цела територија на Украина барале нацисти, не ги нашле, вели стигнале до Киев, се налутиле и заминале, до Херсон стигнале, па се вратиле, порачувајќи дека некако не им оди како што се надевале, додавајќи дека украинската армија покажала дека во моментов е една од најсилните во светот.