Поранешниот бранител Стојанче Ангелов, тврди дека добил зелено светло од страна на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за иницијативата за обештетување на бранителите од 2001 година, објави Алсат.

Ангелов, чија партија Достоинството е на власт со СДСМ и ДУИ, минатава недела се закани дека ќе ја напушти коалицијата ако нивното барање, поднесено во декември не биде исполнето. Ангелов вели дека поддршка добил на вчерашниот состанок на владините коалициони партнери.

Откако Ангелов рече дека поддршка добил и од Али Ахмети, реагираа од Здружението на воените ветерани на ОНА. Неговиот претседател Бесим Хода изјави дека ДУИ, која всушност произлезе од ОНА во 2001 година, пред да ги обештетува бранителите, треба со закон да го регулира статусот на воените ветерани и семејствата на загинатите борци, чиј водач беше самиот Ахмети.

Превземено од Алсат.мк